А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Скопјанец кој се пријавил да учествува во сириска паравојска, фатен во Турција

by А1он27/02/2020 - 17:161540
Share0

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при МВР до Јавното обвинителство поднело кривична пријава против 20-годишен скопјанец за „учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации“.

Добивај вести на вибер

Тој, како што посочуваат од МВР, со намера да замине за Сирија за да учествува во странска војска „Џабхат ал Нусра“ (прогласена за терористичка организација од страна на ООН во 2013 година), преку интернет апликации за комуникација остварил контакти со две лица државјани на нашата земја, од кои едниот се наоѓал во Сирија, а другиот бил повратник од Сирија.

Од овие лица, се наведува во соопштението, на скопјанецот му била дадена гаранција (теские) за приклучување во наведената терористичка организација и договориле дека ќе го информираат за времето на тргнување и начинот на неговото пристигнување во Сирија.

„На 1 ноември 2019 година пријавениот со автобус ја напуштил територијата на Р. Северна Македонија преку граничниот премин “Богородица“, додека на 02.11.2019 година остварил влез во Турција, од каде по создадени услови требало илегално да ја премине турско-сириската граница и да биде прифатен од страна на две непознати лица. На 06.11.2019 година при обид илегално да ја премине турско-сириската граница, А.Б. бил уапсен од страна на турските безбедносни органи, лишен од слобода и сместен во Центар за отстранување во Хатај, Р.Турција во близина на границата со Сирија, така што кривичното дело останало во обид“, стоиво соопштението.

При неговото лишување од слобода, наведуваат од МВР, тој бил без документи за идентификација, лажно се претставил и кажал дека имал намера да патува во Алепо, Сирија.

Од МВР посочуваат дека по оставрена меѓународна полициска соработка и во соработка со Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара утврден е неговиот идентитет, издаден е патен лист и А.Б е депортиран на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“, каде е преземен и приведен во полициска станица.

Вчера по издадена наредба од судија за претходна постапка извршен е претрес во неговиот дом и пронајдени се и одземени девет мобилни телефони, една СИМ картичка, две УСБ-а и еден лаптоп.

javno obvinitelstvokrivicna prijavamvrparavojskasirija

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 13:23

Краделе кабли од „Железара“, направиле штета од стотици илјади денари

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 08:51

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Горан Наумовски23/03/2026 - 13:16

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14

Пренџов: Усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто