Скијачката сезона на Попова Шапка почнува со ноќно скијање

Од:

Скијачката сезона на Попова Шапка официјално ќе биде отворена  утре со ноќно  скијање  кое за првпат после повеќе од една деценија се враќа  на терените на овој туристички центар. Посетителите утре ќе може во периодот од 18 до 22 часот да ги користат ски лифтовите бесплатно.

Цената  за ноќно скијање   претстојната сезона ќе биде со промотивна цена од 300 денари , а поевтинуваат и сезонските билети.

Една од новините за посетителите   е и  воведувањето на заеднички сезонски ски билет кој ќе важи  и за двата скијачки центри   Попова Шапка и  Копанки  на Пелистер.  Во овие  скијачки капацитети  кои ги управува  ЕЛЕМ Турс, подружница на АД „Електрани на Македонија“  за туризам,  угостителство, спорт и рекреација,  цената на новиот  билет е  10.500 денари.

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Мицкоски: Растот на куповната моќ и туризмот се доказ дека државата оди напред

Нестабилноста на Блискиот Исток ја забавува турската летна сезона и ги пренасочува туристите кон ЕУ

Бројот на туристи во Грција зголемен за 38 отсто во споредба со лани

A1on

Влатко Сулев: Туризмот е најдобриот амбасадор на нашата култура и традиција

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата