Скијачката сезона на Попова Шапка официјално ќе биде отворена утре со ноќно скијање кое за првпат после повеќе од една деценија се враќа на терените на овој туристички центар. Посетителите утре ќе може во периодот од 18 до 22 часот да ги користат ски лифтовите бесплатно.
Цената за ноќно скијање претстојната сезона ќе биде со промотивна цена од 300 денари , а поевтинуваат и сезонските билети.
Една од новините за посетителите е и воведувањето на заеднички сезонски ски билет кој ќе важи и за двата скијачки центри Попова Шапка и Копанки на Пелистер. Во овие скијачки капацитети кои ги управува ЕЛЕМ Турс, подружница на АД „Електрани на Македонија“ за туризам, угостителство, спорт и рекреација, цената на новиот билет е 10.500 денари.