Специјалното јавно обвинителство за утре, четврток, најави прес конференција со почеток во 11 часот.
Интересен беше начинот на кој што беше соопштен пресот. На официјалниот Фејсбук профил на обвинителството тие напишаа „Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“. За тоа што точно значи оваа загатка од СЈО веќе се отворија дебати по социјалните мрежи.