СЈО убедува дека се безбедни, мејлот бил хакиран минатата година

Од:

Вчера на YouТube беше објавена снимка на која се прикажани дел од мејловите со службени дописи на Специјалното јавно обвинителство со други лица како и на новинари кои бараат акредитација во СЈО.

Од Специјалното јавно обвинителство велат дека неовластениот упад на електронската пошта на СЈО бил извршен минатата година по што од нивна страна биле преземени сите мерки за зголемување на безбедноста на електронската пошта.

– Во текот на месец декември 2015 година беше извршен неовластен упад во нашата електронска пошта, по што од наша страна беа преземени сите чекори за зголемување на безбедноста на електронска пошта.

Напоменуваме дека во тој период немавме вработено лице кое би се грижело за информатичката безбедност на електронската пошта. Настанот не беше пријавен пред надлежните органи, бидејќи во тој момент немавме никаква реална штета од упадот, велат од Специјалното јавно обвинителство

Според нив, со објавата на мејловите на Youtube каналот јасно е изразена целта на упадот во електронската пошта и како што велат ќе бидат преземени сите мерки за расчистување на случајот.

Хакирањето на електронската адреса на СЈО и објавувањето на дел од мејловите според јавноста е голем скандал и потврда дека одредени лица нема да се воздржат и ќе настојуваат со сите средства да ја отежнат работата на Специјаното јавно обвинитество.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов