СЈО треба да го достави извештајот за работата до Собранието

Од:

Специјалното јавно обвинителство денеска треба да го достави шестмесечниот извештај за својата работа до Собранието на Република Македонија и до Советот на јавни обвинители.

Според Законот, со кој е основано Специјалното јавно обвинителство на 15 септември 2015 година, СЈО е должно да дава извештај за својата работа пред Собранието на РМ и пред Советот на јавни обвинители.

Извештајот, како што се наведува во Законот, треба да содржи податоци за активностите на СЈО, вклучувајќи и опис за напредокот во која било истрага или гонење преземено од јавниот обвинител. – Во извештајот може да бидат изоставени материјали кои според јавниот обвинител треба да се чуваат како доверливи, но ќе обезбеди соодветни информации за да ги оправда трошоците, се вели во Законот за Специјалното јавно обвинителство.

Досега СJO има започнато три истражни постапки и 15 нови предистраги кои се однесуваат на проверки во врска со финансирањето на медиумите, злоупотреби на постапки за јавни набавки, даночно затајување, перење пари, разни коруптивни дејствија и злоупотреби на службена положба и овластувања, финансиски истраги, злоупотреби на постапките што се однесуваат на градежни работи.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов