СЈО се откажа од обвинението за „Сопот”

Од:

СЈО се откажа од обвинението за случајот „Сопот“. Обвинителката Катица Јанева вели дека нема докази со кои може да се утврди обвинението за конкретните обвинети.

Обвинителот Бурим Рустеми рече дека единствениот доказ на кој им се заснова пресудата е сведочењето на Бајрам Рамадани, кој исказот го дал под присила. Рустеми тврди дека кривичното дело тероризам не може да се поврзе со обвинетите.

„Припадници на УБК вршеле психичка и физичка тортура, при што бил незаконски приведен и тепан во објект во Банско, Струмица. Сведокот добил закани дека ќе биде лишен од животот и бил принуден од припадници на УБК да напише изнудена изјава врз која се базира пресудата“, рече обвинителот на СЈО, Рустеми.

Во предметот 10 лица се осудени за кривично дело тероризам. Обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференција во мај изјави дека исказот на сведокот Рамадан Бајрами, врз кој доказ се изведени сите пресуди во случајот, е изнуден исказ.

Во еден од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ има разговор меѓу поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и тогашниот директор на тајната полиција, Сашо Мијалков, за случајот „Сопот“. Според снимката, Јанкулоска му сугерира на Мијалков дека за случајот треба да биде консултиран и тогашниот премиер Никола Груевски за да се види како да се продолжи со овој чувствителен случај, при што и двајцата признаваат дека претходната пресуда со која беа осудени обвинетите се потпира на тенки докази.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов