СЈО на прес конференција во рамки на истрага насловена „Таргет“, кажа дека незаконски се следени 5827 граѓани во периодот од 2008 до 2015 година.
Меѓу нив се следени новинари.
Зоран Заев незаконски бил следен 1.150 дена, Зоран Верушевски 600 дена, а неговата сопруга 816 дена.
„Нападот врз човековите права и слободи е најсилен удар врз цивилното општество, сега е ред цивилното општество да возврати“, рече Фетаи.
Во операцијата „Таргет“ осомничени се десет лица, поранешни но и актуелни вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање.
„Прво осомничениот кој бил на раководна позиција во Управата за безбедност и контраразунавање давал наредби за следење на политичката, бизнис и новинарската фела во Македонија. Второосомничениот бил запознаен со сите имиња и лозинки за следење и тој давал наредби, но и самиот внесувал телефонски броеви за кои немало судски наредби. Постои основано сомнение дека третоосомничената, постапувајќи по наредби на второосомничениот, спротивно на законите и без судски наредби за одредени телефонски броеви, проследувала телефонски броеви кои требало да бидат следени“ – изјави Фетаи.
Дополнително вршено е транскриптирање на разговорите.
Ова било нотирано од вработен во Управата, кој транскриптите ги давал на друго лице, кој ги предал на лидер на политичка партија.