СЈО преслушало 96 отсто од „бомбите“

Од:

Специјалното јавно обвинителство од вкупно 606.555 аудио фајлови со кои располага, обработило 96 отсто, се вели во Извештајот за работата на ова обвинителство за периодот септември 2018 – март 2019 година. Досега, издвоени се 453.281 приватни разговори, а анализирани се вкупно 56 отсто од смс пораките со кои располага ова обвинителство.

Во извештајот повторно се потенцира дека се очекува во што пократок рок да се донесе законски решение со кое ќе му се овозможи на СЈО да стане интегриран дел од јавнообвинитрелскиот систем во државата.

„И покрај донесеното правно мислење на Врховниот суд во однос на постапувањето на ова обвинителство како и повикувањето на ваквото мислење од страна на дел од осомничените и нивните бранители, евидентно е дека ова Јавно обвинителство постапува исклучиво во рамки на своите законски овластувања во рамки на предметите кои ги води“, пишува во извештајот.

Во однос на ова, СЈО алудира на истрагата за предметот „Империја“ каде што Орце Камчев и Сашо Мијалков беа ослободени од куќен притвор врз основа на начелното правно мислење на Врховниот суд со кое СЈО е неовластен тужител да отвора истраги по 1 јули 2017. Од СЈО тврдат дека во решенијата на Апелациониот суд стои дека во случајот не станува збор за за покренување на обвинение, туку за воспоставување на надлежност врз тековен предмет врз предмети кои претходно биле под надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и основните јавни обвинителства во Скопје и во Битола.

Од СЈО информираат дека од септември лани досега отворени се предистражни постапки за 81 предмет. Вклучувајќи ги претходно отворените предистраги, досега во СЈО се работи на вкупно 243 предистражни постапки.

Во истиот период, СЈО отворило 8 нови истраги против вкупно 64 лица.

Од одобрениот годишен буџет од 3,7 милиони евра, СЈО годинава потрошило 16 отсто од парите.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов