СЈО: Поранешните министри за внатрешни и за транспорт и врски се товарат за злосторничко здружување и повреда на изборите

Од:

Обвинителката во СЈО, Фатиме Фетаи, на прес конференција објави дека СЈО отворило истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори, уништување на изборни материјали и злоупотреба на средства за изборна кампања.

Министрите во 2012-та, за внатрешни работи, за транспорт и врски и секретарот на тогашната влада, заедно со други лица, рече Феатаи, го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група, за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите.

Основно сомнение за оваа група е дека создала кривично дело против изборите, што рече, е основа за целиот криминал.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева рече дека и покрај притисоците ќе истраат докрај. Таа побара промена на законот за заштита на сведоци, да се почитува автономијата на СЈО и судските предмети да се предаваат без отпор.

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов