Специјалното јавно обвинителство денеска информираше дека отворило истрага за случајот „Актор“ поради сомнение дека е сторено кривично дело за избор на најдобар изведувач на автопатот Демир Капија – Смоквица. Осомничени за овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Според СЈО, во 2012 година, кога се рагледувале и оценувале понудите за изградба на патот, тогашниот претседател на Владата, Никола Груевски, со цел за избор на понудувач да не биде избран понудувач од Италија, искористувајќи ја својата положба, извршил влијание врз тогашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој ги поттикнал членовите на евалуционата комисија да го фаворизираат изборот на фирмата „Актор“ од Грција. Со тоа, според СЈО, му било обозможено на „Актор“ да прибави корист од 7 милиони евра.
Истрагата е отворена против десет физички лица и четири правни лица, кои се сомничат за злоупотреба на службената положба и перење пари.
„За „Актор“ се повикуваат лица кои се достапни на СЈО. Сега почнува истрага, ќе се земаат изјави од сведоци и осомничени и врз основа на тоа ќе се побараат мерки од судот“, рече обвинителката Катица Јанева.
Како што образложи обвинителката Фатиме Феиати, во случајот се работи за основано сомневање за злоупотреба на овластувањата при спроведување на тендерот за изградба на автопатот. Сомневањата се однесуваат на тоа дека во 2012 година, при разгледување на понудите, тогашниот премиер влијаел да не биде избран понудувачот од Италија, кој според Груевски, бил „претставуван од правно лице – комуњар“.
„Тој го поттикнал министерот за транспорт и врски, кој, пак, ги поттикнал службените лица од министерството да ги евалуираат понудите за автопатот и да го изберат грчки ‘Актор’. Со тоа, на ова правно лице му биле овозможено незаконски да располага со 7.811.593 евра. Во текот на отворањето на понудите во телефонски разговор премиерот бил информиран од министерот дека компанијата од Италија има подобра понуда од компанијата од Грција. Сепак, министерот добил упатство Италијанците да не бидат избрани, по што министерот повикал членови на комисијата со препорака да го фаворизираат ‘Актор’, иако не ги задоволувал критериумите“, рече Фетаи.
За овој случај, истрага беше отворена и во Грција.