СЈО објави оглас за преведувач со плата од 100 илјади денари месечно

Од:

Специјалното јавно обвинителство преку Бирото за јавни набавки бара преведувач од македонски на англиски и обратно за кого предвидува плата од 1.200.000 денари годишно, односно, 100.000 денари месечно. Според тендерската документација, преведувачот ќе биде должен за еден ден да преведе 10 страници, односно 1.800 јазични знаци.

Договорот што ќе го склучи СЈО ќе биде на една година. Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 10 отсто од вредноста на договорот. Во техничката спецификација нема дополнителни критериуми што физичкото или правното лице треба да ги исполни.

Тендерот е отворен до крајот на февруари кога СЈО ќе избира најповолна понуда. Критериумот за потпишување на договорот е најниска цена, која ќе биде прифатлива за обвинителството.

К. Л.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов