• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Васко Маглешов
Македонија

СЈО: Ни ги одзедоа сите пари и ги дадоа за изборите 2020

by Васко Маглешов18/12/2019 - 13:3618/12/2019 - 17:171339
Share0

Специјалното јавно обвинителство остана без пари за следната година, откако со амандман во Собранието средствата за оваа институција беа пренаменети за изборите 2020 година. Неизвесно е што ќе се случува со осумдесетина вработени во оваа институција следната година.

Добивај вести на вибер

„Со загриженост и неверување ја примивме информацијата дека на седница на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Северна Македонија едногласно е изгласан амандман на Буџетот на државата за 2020 година со кој финансиските средства предвидени за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) се пренаменуваат за друг буџетски корисник, поточно за спроведување на предвремените парламентарни избори“, соопштија од СЈО.

Од таму констатираат дека станува збор за флагрантно прекршување на законот, што повлекува и кривична одговорност имајќи предвид дека член 16 став 3 од Законот за ова Јавно обвинителство пропишува дека Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Министерството за финансии и Собраниетоне можат да го менуваат финансискиот план од буџетот на Јавното обвинителство. Законот за СЈО е во сила до 15 септември 2020 година, до кога и постои оваа институција.

Од СЈО соопштија дека доколку се има предвид дека со амандманот се одземаат сите средства наменети за намирување на тековните обврски на ова Јавно обвинителство, во отсуство на одговорно лице, се поставува прашањето како ќе се сервисираат обврските до истекот на законскиот мандат на оваа институција и каква порака се испраќа до професионалците кои одлучиле да се борат против високата корупција.

„Во оваа насока апелираме доследно да бидат почитувани законските одредби и предложениот незаконски амандман, кој што задира во автономноста и финансиската независност на ова Јавно обвинителство, да биде повлечен“, соопштија од СЈО.

Иако со предлог-законот за јавнообвинителска служба требаше да се реши статусот на овие вработени, сепак, пратениците сe` уште не расправале за него.

sjo

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов28/01/2022 - 10:0529/01/2022 - 10:29

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска20/07/2021 - 11:39

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов14/07/2021 - 12:0114/07/2021 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен