Специјалното јавно обвинитество ќе поднесе жалба на одлуката на Кривичниот суд, кој го одби барањето за издавање мерки за претпазливост за тројцата осомничени во случајот ТНТ,екс премиерот Никола Груевски,поранешниот министер Миле Јанакиески и градоначалникот Тони Трајковски.
Специјалното јавно обвинителство вчера бараше да им се одземат пасошите на осомничените и да имаат обврска да се јавуваат во судот, но барањето беше одбиено како неосновано.
Тројцата функционери кои СЈО ги сомничи дека незаконски го нарачале уривањето на „Космос”, вчера се појавија на распит во кривичниот суд во Скопје и негираа незаконско постапување.
Истрагата против тројцата продолжи откако Ѓорге Иванов ја укина целосно аболицијата.