Специјалното јавно обвинителство, трага по високиот функционер во УБК, Горан Груевски. Наредбата е издадена од полицијата за негово лишување од слобода, а по барање на обвинителството поради опасност од бегство.
Судија на претходна постапка одбил да даде налог за претрес во домот на функционерот на УБК, што било побарано од специјалното обвинителство. Судијата не го прифатил и налогот за приведување, кој го побарале од Специјалното обвинителство.
Горан Груевски, началник на петтата управа не е познато каде се наоѓа во моментов.
Пред осум месеци, Јавното обвинителство соопшти дека Груевски и Мијалков биле испрашувани во врска со аферата со прислушувањето. Потоа сите предмети преминаа во надлежност на Специјалното обвинителство.