“Судските реформи не можат да бидат само на хартија. Важно е да се усвојат законите. Треба промена на пракси, навики и предрасуди”, ова го порача Микаела Швајзер Блум в.д. амбасадорка на САД во Севрна Македонија на свеченост организирана за денот на правосудството.
“Овие две обвинителства се срцето на напорите на вашата земја да гони корупција и да ја вратат довербата на јавноста во правосудните институции. Независноста на овие обвинителства треба да се обезбеди”, порача Швајзер.
Блум рече дека интегритетот е клучна поента која го јакне правото. Таа потенцира дека Амбасадата на САД, донирала опрема за аудио и видео опрема во судовите.
“Нема кратки патеки за владеење на правото и борбата против корупцијата. Граѓаните на Република Северна Македонија бараат правда и правна сигурност”, рече Блум.
“Амбасадата на САД е ваш партнер”, порача в.д. амбасадорката пред присутните судии.
На настанот говореше и холандскиот амбасадор во земјава, Ваутер Пломп, кој порача дека СЈО е клучно за гонењето на организираниот криминал и корупцијата и дека не смее да има дисконтинуитет во неговото функционирање.