СЈО дало позитивно мислење за да се продолжи прекинот на притворот за Марјан Ефремов

Од:

Специјалното јавно обвинителство за „Макфакс“ потврди дека дале позитивно мислење за да се продолжи прекинот на притворот за осудениот Марјан Еферемов во случајот „Шпион“ поради лекување.

Барањето до СЈО го упатил кривичниот суд. Ефремов не е во затворот од крајот на 2017 година.

СЈО го презеде случајот „Шпион“, но тогаш обвинителката Елизабета Јосифовска ги отфрли најголемиот дел од наводите во жалбите на осудените и побара само намалување на казните.

Првообинетиот во најголемата афера за шпионажа во Македонија, Марјан Ефремов, доби казна-затвор од 15 години под обвинение дека шпионирал за странски разузнавачки служби. Ефремов е поранешен вработен во Агенцијата за разузнавање.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов