СЈО да стане дел од редовното обвинителство, порачува Рот

Од:

Мора да продолжат истрагите поврзани со прислушувањето и Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во редовните структури на обвинителството, порача денеска во Скопје државниот министер за европски прашања во МНР на Германија, Михаел Рот, кој престојува во посета на Македонија.

– Морам да подвлечам дека двотретинското мнозинство е предуслов за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, но ме информираа дека опозицијата е против продолжување на мандатот и затоа треба СЈО да го интегрирате во редовните структури на обвинителството. Тоа е проблематично решение, но ако функционира тоа, сосема е во ред, рече Рот на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.

Во овој контекст, премиерот Заев додаде дека во Стратегијата за реформи во правосудството е предвидено СЈО да биде дел од Државното јавно обвинителство како посебно одделение кое ќе ги продолжи своите надлежности.

Германскиот државен секретар ги поздрави реформските напори на македонската Влада да остане на вистинскиот пат и според него важно е да се врати довербата во јавните институции.

– Особено важно е вашата земја да постигнува конкретни резултати во однос на доброто владеење и владеењето на правото. Спроведувањето и конкретните резултати се суштински. Ова е задача на Владата, меѓутоа не е само Владата одговорна за промени, туку сите во земјата имаат задача да придонесуваат за промените, особено опозицијата. Вистински независно судство заедно со органите за спроведување на законот имаат клучна улога во борбата против корупцијата, истакна Рот.

Тој денеска планирано е да се сретне и со претставници на опозицијата и со невладините организации.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај