СЈО: Блокирана сметката на „Финзи“ ДООЕЛ

Од:

Од Специјалното јавно обвинителство информираат дека е блокирана сметката на правното лице „Финзи“ од случајот Трезор.

Во текот на вчерашниот ден Судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје донесе решение со кое наложи да се запре извршувањето на финансиските трансакции на сметките на правното лице ДТУ „Финзи“ ДООЕЛ Скопје.

– Ова решение беше донесено по повод наше барање за донесување привремена мерка забрана за користење и располагање со трансакциска сметка на правното лице во случајот „Трезор“. Појаснуваме дека нашето барање беше прецизирано согласно укажувањата на Судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје, со што изразивме подготвеност за продлабочување на професионалната соработка со Судот, велат од Специјалното јавно обвинителство.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Министерството за финансии: Редовни исплати на сите налози од Трезорот

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор