СЈО бара притвор за градоначалникот на Битола

Од:

Специјалното јавно обвинителство излезе со соопштение преку кое истакнува дека бара притвор за градоначалникот на Битола во врска со случајот „Транспортер“. Во продолжение, целосно соопштението на СЈО:

„Во врска со повеќето прашања доставени од страна на медиумите околу актуелните прашања во врска со работата на ова Јавно обвинителство Ве известуваме за следното:

Во однос на постапувањето на ова Јавно обвинителство по донесување на Одлуките за поништување на Одлуките за помилување, донесени од страна на Претседателот на Република Македонија, Ве известуваме дека истите се примени во ова Јавно обвинителство и по истите се постапува.

Во делот на одлуките кои се однесуваат на постапки кои се наоѓаат пред судовите, Ве известуваме дека од наша страна до Апелациониот суд Скопје е доставен писмен предлог да се укине Решението на Основниот суд Скопје 1 Скопје и кривичната постапка по предметот во јавноста познат како „Пуч“ да продолжи.

По однос на истражните и предистражните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство, Ве известуваме дека истите продолжуваат, при што, зависно од фазата во која се наоѓа конкретниот кривичен предмет, ќе бидат преземени соодветни истражни и други дејствија спрема сите лица за кои постои основано сомнение или основи на сомнение за сторено кривично дело.

Во врска со предметот во јавноста познат како „Титаник“ Ве известуваме дека истражната постапка продолжува против сите осомничени лица.

Во врска со предметот во јавноста познат како „Тортура“ Ве известуваме дека поднесени се предлози за определување мерка за претпазливост против 6 (шест) лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување од чл. 142 ст 1 вв чл. 22 од Кривичниот законик.

Во врска со предметот во јавноста познат како „Тврдина“ Ве известуваме дека е поднесен предлог за определување мерка притвор против 1 (едно) лице како и предлог за определување на мерки за претпазливост против 4 (четири) лица, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353 и 361 од Кривичниот законик.

Во врска со предметот во јавноста познат како „Транспортер“ Ве известуваме дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против 1 (едно) лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353 ст 5 вв ст. 1, а вв. ст. 22 и 45 од Кривичниот законик, а поднесен е и предлог за определување на мерка притвор против истото лице. По однос на привремените мерки за обезбедување на имотноправно барање, Ве известуваме дека до Основен суд Скопје 1 Скопје е поднесен предлог кој беше вратен на доуредување, но ниту од Државното правобранителство ниту од Министерството за образование и наука сеуште не се доставени предлози за остварување на имотно правно барање, иако тоа од наша страна беше побарано.

Во врска со предметот во јавноста познат како „ТНТ“ донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против 3 (три) лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од чл. 353 од Кривичниот законик, а поднесени се и предлози за определување мерка за претпазливост против истите 3 (три) лица.

Во делот на видовите на мерки кои се предложени од страна на ова Јавно обвинителство, до Основниот суд Скопје се поднесени соодветни предлози за определување на мерки, кои за секој конкретен случај се различни.

Во поглед на прашањата за листата на експерти кои се ангажирани во ова Јавно обвинителство, како што беше истакнато на прес конференцијата одржана на ден 03.06.2016 година, листата на експерти и останатите податоци во врска со нив, ќе биде објавена во вториот шестмесечен извештај за работата на ова Јавно обвинителство“.

Би можело да ве интересира

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов

Врз Камчев се врши тортура и репресија, тој треба да се пушти во домашен притвор, реагираат адвокатите

А1он

Џолев ќе одлучи дали ќе побара разрешување за поротникот кој може да врати четири предмети на СЈО од почеток

Кристијан Ландов

Радев се сретна со битолските Бугари од центарот за култура „Иван Михајлов“

Жарко Настоски

Битолчанец натепал сограѓанка во кафуле на Широк Сокак, ѝ ја одзел чантата и телефонот

Жарко Настоски