СЈО бара притвор, одземање пасоши и блокирање на сметка за случајот „Трезор“

Од:

Специјалното јавно обвинителство до Основниот суд Скопе 1 поднесе предлог за определување мерки за претпазливост – одземање на патните исправи за три лица осомничени во случајот „Трезор“.

„За едно осомничено лице побарано е определување на мерка притвор поради опасност од бегство, постоење на основан страв дека лицето ќе ја попречува кривичната постапка и постоење на особени околности кои го оправдуваат стравот дека лицето ќе го повтори делото“, велат од Специјалното јавно обвинителство.

СЈО до Основниот суд Скопје 1 поднесе барање за донесување на привремена мерка забрана за користење и располагање со трансакциската сметка на фирмата „Финзи“ ДООЕЛ Скопје.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални