ВИДЕО: СЈО бара Орце Камчев да биде стражарно донесен со полиција во судот

Од:

Поради отсуство на обвинетиот Метуш Шабани, бидејќи го повредил коленото на 16 јуни, судијката Александра Ристеска го одложи денешното рочиште за предметот на СЈО, „Тортура“.

Судијката констатира дека за новинарката Оливера Трајковска нема уредна достава на судската покана да сведочи во судот. Трајковска, како што образложи судијката, не се јавувала на вратата.

За експортпаролот на МВР, Иво Котевски, кој исто така е повикан како сведок на СЈО нема доказ за уредна достава на поканата за сведочење. Бизнисменот Орце Камчев ја примил поканата за сведок на петти јуни, но денеска не дојде да сведочи. Обвинителот Љубомир Лапе побара Камчев да биде донесен со полиција. Ако Камчев го оправда отсуството, ќе биде повлечена наредбата за стражарно приведување.

Во предметот „Тортура“ на СЈО, обвинети се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи“ Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата за мачење и изживување врз лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.

На 6 јуни 2011 година, ден по парламентарните избори, Бошкоски беше уапсен „алфите“, под сомнение дека незаконски користел финансиски средства за изборната кампања. Според обвинението, со апсењето на Бошкоски му била нанесена душевна и физичка болка, страдање, срам и понижување било по нарачка на Мијалков поради дискриминација по основ на поинаква политичка определба.

Предметот е во фаза на доказна постапка. Првото рочиште за овој случај се одржа на 28 февруари 2018 година.

Би можело да ве интересира

Вработените во СЈО чекаат плата за септември

Васко Маглешов

„Титаник“ продолжи со изведување докази

Ана Ололовска

Судот го казни вештакот на СЈО со 1500 евра

Васко Маглешов

Лиле Стефанова останува надлежна за „Империја“

Ана Ололовска

Повторно одложено судењето за обвинението за перење пари преку сметката на ВМРО-ДПМНЕ

Васко Маглешов

Продолжува судењето за „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска