Основниот суд Скпје 1 соопшти дека Специјалното јавно обвинителство побара изземање на еден од судиите на претходна постапка за предметот „Трезор“.
По барањето на СЈО, претседателот на Судот треба да одлучи во рок од три дена од каде коментираат дека ова е трето барање за изземање судија од страна на СЈО кое сакало да ги одолговлекува постапките.
Изземањето на една судијка е поради тоа што нејзин роднина работи во фирма која има должничко-доверителска релација со „Финзи“.
„Претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје во рок од три дена треба да одлучи по барањето за изземање на судијата, што е трето по ред барање за изземање на судии од страна на СЈО, што претставува преседан во постапување на јавно обвинителство бидејќи во досегашното работење на судот не било поднесено ниту едно вакво барање од страна на останатите обвинителства. Со ова СЈО дополнително влијае на одолговлекување на постапките кои тие самите ги покренуваат до овој суд“, соопштија од Судот.