СЈО бара да му биде продолжен куќниот притвор на Сашо Мијалков

Од:

Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе предлог до судот да му биде продолжен куќниот притвор на осомничениот Сашо Мијалков за случајот „Империја“, кој му истекува утре, потврдија од институцијата за „А1он“.

Апелацискиот суд Скопје ним го продолжи куќниот притвор во траење од 30 дена на осомничените Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ. Aко Мијалков и овојпат добие 30 дневен куќен притвор, неговите адвокати може да поднесат жалба до Врховниот суд по начленото правно мислење дека СЈО е неовластен тужител за истраги обвиненија по законскиот рок од 30 јуни 2017 година.

Од кривичниот суд известија дека не им е продолжен куќниот притвор на Тодор Мирчевски и Зорица Арсовска, бијдеќи СЈО не поднело предлог за продолжување на мерката куќен притвор. Тодор Мирчевски, освен што му е одземен пасошот, треба еднаш неделно да се јавува во судот. Зорица Арсовска, освен одземениот пасош и јавување во судот еднаш неделно, има забрана за посетување на деловните простории каде што осомничената работи, како и забрана за преземање на определени работни активности од дома, поврзани со правните лица кои се предмет на истрагата.

Во „Империја“ осомничени се Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски за неколку кривични дела.

Според СЈО, осомничените се товарат за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Во предистражната постапка, со преземање истражни дејствија, како и со примена на посебни истражни мерки, СЈО соопшти дека обезбедило доволно докази од кои произлегло основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Триесет дена притвор за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет

Затворски притвор само за седум осомничени во милионската измама во ЕСМ „Дистрибуција“

Горан Наумовски

Притвор за скопјанецот кој насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

А1он