СЈО бара да биде разрешена судијката Моника Бахчовановска која ги отфрли бомбите во предметот „Тифани“

До Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија, ова Јавно обвинителство е поднесена претставка за утврдување на одговорност на судијата Моника Бахчовановска, судија при Основниот суд Скопје I Скопје.

Со претставката е побарано да се испита работатата на судијата од аспект на нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

Судијата Моника Бахчовановска, која е сопруга на ексфункционерот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Бахчовановски, постапувајќи по поднесен приговор, на ден 11.09.2017 година донела решение во кое посочила решение на Апелациониот суд Скопје донесено на ден 18.09.2017 година.

Тоа упатува дека решението на судијата Бахчовановска е антидатирано решение, или станува збор за друг вид на поведение со кое се врши злоупотребување на положбата и пречекорување на службените овластувања, од аспект на тоа како судијата Бахчовановска можела однапред да ја знае одлуката на Апелациониот суд Скопје.

Судијката Бахчовановска, освен „Тифани“ ги оценува обвинителните акти и за предметите „Титаник“, „Тортура“ и„Тревник“.

В. М.

Би можело да ве интересира

Обвинители и истражители во СЈО се подготвени да сведочат во истрагата за рекет

Васко Маглешов

Здравев: Изненаден сум од она што се случи со СЈО

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јанева не доаѓа на работа, а останува шефица на СЈО – обвинителите не знаат каде е

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Заев: Чекам да се докаже дали Јанева е инволвирана или злоупотребена

Галена Николовска-Ризвановиќ

Ванхојте: Обвинителите да се остават да ја вршат својата работа за случајот „Рекет“

Ана Ололовска

Обвинителство: Дезинформација е дека Јанева се апсела и дека се јавувала кај дипломати

Ана Ололовска