• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

„Сите за правично судење“ креира веб-страница со судски досиеја на СЈО

by А1он31/10/2019 - 13:47322
Share0

Коалицијата „Сите за правично судење“ денеска информираше дека пуштиле во употреба нова веб-страница со судски досиеја, каде за почеток се поставени сите информации за предметите на поранешното Специјално обвинителство.

Добивај вести на вибер

Од Коалицијата наведоа дека податоците кои тие ги собираат за високопрофилираните предмети на поранешното СЈО, подоцна се предмет на обработка и се една база на која се темелат нивните анализи и истражувања што ги спроведуваа и најчесто канализирањето оди преку дисеминација на тие анализи и заклучоци до надлежните и соодветни институции кои се засегнати со тоа.

– Меѓутоа овој пат решивме сите оние сирови, необработени податоци што ги собираме на дневна основа од судењата поврзано со овие предмети, конкретно на поранешното СЈО, да ги направиме јавно достапни за граѓаните. Генерално ова е од причина што граѓаните најчесто ги добиваат преку медиумите, меѓутоа ги добиваат генералните работи поврзани со предметите, но не и процесните проблеми, процесните квалификации и се она што се случува од некој вид на попрофесионален аспект на анализа на постапките и рочиштата коишто се одвиваат. Врз основа на тоа ја инициравме оваа идеја да креираме потстраница на нашата страна која на еден начин ќе ви биде информативен, но и ресурсен центар за информации коишто се поврзани со вископрофилирани предмети односно конкретно за почеток овие дваесетина предмети на СЈО, образложија од коалицијата „Сите за правично судење“.

На потстраницата „судско досие“ можат да се најде опис на предметите, обвинителните акти, краток опис од рочиштата, како и пресудата за случајот, доколку ја има.

Проектот е спроведен со помош и поддршка на „Метаморфозис“.

sjo

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов28/01/2022 - 10:0529/01/2022 - 10:29

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска20/07/2021 - 11:39

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов14/07/2021 - 12:0114/07/2021 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен