Сите притвореници со полиција, само Рашковски сам на лекар: Судот му кажал дека ако избега ќе оди во Шутка

Од:

Нема одговор од Кривичниот суд како Драги Рашковски, без полициска придружба може да излегува од дома и да оди на лекарски прегледи, иако е притворено лице. До сега, сите кои издржувале куќен притвор како мерка за обезбедување присуство, биле спроведувани од полицајци до судовите кога треба да присуствуваат на рочишта или на лекарски прегледи кога тоа е дозволено од судот. Рашковски, вчера беше фотографиран како сам шета низ скопските улици, а беше посочено дека е забележан во Аеродром. Од Кривичниот суд велат дека тој бил предупреден дека ако избега, ќе му биде изречен притвор во затворот во Шутка.

„Дозволата е издадена со предупредување дека при евентулани злоупотреби, односно доколку по извршување на прегледите и интервенцијата во Здравствената установа и клиниката која ја издала документацијата, осомничениот не се врати во својот дом, ќе му се определи мерка притвор. Оваа дозвола, веднаш по нејзиното донесување, е доставена до Полициска станица надлежна за спроведување и контрола на мерката – куќен притвор определена со решение на Апелациониот суд – Скопје“, велат од Кривичниот суд за „А1он“.

„А1он“ ја побара и дозволата која е издадена од Кривичниот суд, но оттаму, одбија да ја достават.

„Се работи за дозвола донесена во претходна постапка во фаза на истрага која е тајна и за која истрага е надлежен обвинителот, а како што е наведено во одговорот дозволата е доставена до надлежната полициска станица“, велат од Судот.

Досега, сите лица кои биле во домашен притвор, полицијата ги спроведувала на различни места, со претходно одобрение на судот. Така, ексшефицата на СЈО, Катица Јанева беше спроведена со полициско комбе на погребот на нејзината мајка во Гевгелија, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески беше спроведуван со полиција кога имаше потреба од болнички третмани, Бојан Јовановски познат како Боки 13 со полициска придружба од домашен притвор беше спроведуван во Обвинителството кога сакаше да пријави сторени кривични дела, ексминистерот за образование Спиро Ристовски и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков беа спроведувани од полицајци од дома на рочиштата во Кривичниот суд.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“