Систематска дезинсекција во Битола, Новаци и Могила

Од:

ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола со три тимови почна со превентивна систематска дезинсекција на територијата на општините Битола, Новаци и Могила.

Уништувањето на комарците ќе се врши во периодот од 19 часот до 2 часот по полноќ со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Со дезинсекцијата се опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставени до општина Битола. Во општина Новаци ќе бидат опфатени зелените површини, подрачјата по течението на река Црна, подрачјата околу каналниот систем, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети, а во општина Могила зелените површини, подрачјата по течението на реки, водотоци, подрачјата околу каналниот систем и локалитети со застојни водени површини.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информираат дека првата фаза од систематската дезинсекција во трите пелагониски општини ќе заврши на 8 јуни.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот