Синот на поранешниот градоначалник на Штип ќе седне на претседавачкото столче во Советот на Општината?

Од:

Управниот суд ги донесе одлуките што се однесуваат на локалните избори што се одржаа пред десет дена. Тужбите што СДСМ ги поднесе до Управниот суд за нерегуларности во неколку избирачки места во Штип беа одбиени како неосновани.

Според информациите што ги добивме од Општинската изборна комисија, во текот на денот до нив треба да бидат доставени одлуките, со што за општина Штип локалните избори ќе бидат и официјално завршени.

Сертификатите за новиот Совет на Општина Штип ќе бидат доделени в петок од страна на Општинската изборна комисија, а примопредавањето на функцијата градоначалник се очекува да биде на почетокот на следната недела.

Актуелниот состав на Советот на Општина Штип,својата последна седница ќе ја има в понеделник, на 7 април, со почеток во десет часот, по што се очекува конститутивната седница на новиот Совет да се одржи утредента, на 8 април.

Меѓу штипјани веќе кружат шпекулации за наследникот на досегашниот претседавач на Советот. Станува сè поизвесно дека оваа позиција ќе ја преземе Владимир Миташев, кој доаѓа од редовите на коалицијата „За подобра Македонија“. Миташев на штипјани им е познат како специјалист по оториноларингологија и син на поранешниот градоначалник на Општина Штип од 1996 до 2000, Томо Миташев. На штипјани им останува само да ја чекаат и конечната одлука, која треба да биде донесена на конститутивната седница на новиот Совет.

Би можело да ве интересира

Затворени гласачките места во Косово

А1он

Земјоделец загина откако му се превртел тракторот

А1он

Жена се обидела преку пакет со храна да прошверцува дрога во штипскиот затвор

А1он

Скопското обвинителство отвори истрага за дилер од Штип

Штипјанец под истрага за илегална трговија со метадон во Скопје

А1он

Дилери од Штип приведени во Чаир

А1он

Leave a Comment

four × 2 =