Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Од:

Гласачките места се затворени во вториот круг од локалните избори во Хрватска. Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ.

„Им благодарам на граѓаните на Загреб кои ни дадоа поддршка за уште еден мандат. Ви благодарам што ме избравте мене. Им благодарам на партиите за поддршката на кандидатурата. Им благодарам на сите волонтери, донатори, граѓани, кои ни платија мали донации, кои беа 10 пати повеќе од сите кандидати заедно. Граѓаните се зад нас, а зад другите се моќни лобија на интереси. Кампањата беше тешка и валкана, но ние водевме позитивна кампања. Додека другите нè оцрнуваа, ние зборувавме за тоа што ќе правиме за Загреб. По претходниот мандат за закрепнување, следува мандат за развој, од кој сите ќе имаат корист. Пред 4 години, граѓаните ни ја дадоа својата доверба како нова надеж, а денес ја поддржуваат насоката на развој што ја започнавме. И нема да застанеме тука. И конечно – заедно со Парламентот, незапирливо ќе се бориме за Загреб“, рече Томашевиќ во својот победнички говор.

Би можело да ве интересира

Шпанците денес избираат нова влада

А1он

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

Горан Наумовски

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он