Синоличка Трпкова: Македонија обвиена со медиумско сениште

Од:

„Во 21-иот век, Македонија е обвиена со медиумско сениште. Македонските граѓани ширум ја отворија вратата и тоа се втурна во нивниот дом, се распосла по нивните кревети, јаде од нивната трпеза. Освен што се полни со лажен, краткорочен и евтин ентузијазам, кроткиот и гостољубив народ ужива во емисиите во кои вистината се черечи и се насладува на перверзните сцени од централниот ТВ канал: конечно комуњарите се таму каде што заслужуваат – на улица“, пишува познатата актерка Соноличка Трпкова, во својата колумна на порталот Окно.

„А каде е напатениот народ, прашувам јас? Каде се луѓето без работа? Каде се гладните и со неплатени сметки граѓани? Каде се болните што во ’бесплатното здравство’ скапо го плаќаат своето лекување? Каде се учениците што учат во студени училници? Каде се дипломираните студенти кои чмаат во скутот на родителите? Каде се милијардите долари инвестирани во нашата поубава иднина?Дали сме посреќни, послободни, со подобар живот од порано?Дали имаме верба во иднината? Дали ова – сега – е нашата ’поубава’ иднина? Ако комуњарите се на улица, тогаш прашувам: каде се пролетерите? Пролетерите станаа без своја волја – воајери. Сеирџиски истопорени пред ТВ порнографијата: 24/7 политичка и друга порнографија на македонските телевизии и секој ден нови и декадентно возбудливи сценарија на само една тема – некрофилија!“, пишува Трпкова.

Целата извонредна колумна за ОКНО прочитајте ја на следниов линк.

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска