Синдикатот на полицијата до Апасиев: Кога сме кај имунитетот, да ви дадеме бесплатна лекција по право

Од:

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев остро реагираше на објавата од пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, за полицаецот кој му вршел контрола при сообраќај го нарече „џандар, ваљда обучен на курс“. Кицев прво реагира на вокабуларот кој го употреби пратеникот, а потоа, му објаснува и кога тој може да се повика на имунитетот кој го ужива поради функцијата која ја извршува.

„Кога сме веќе кај вашиот имунитет на кој се повикувате, еве ние ‘џандарите’ да Ви дадеме бесплатна лекција по право: Уставниот имунитет на кого сте се повикале не ве ослободува ниту од прекршочна, ниту од кривична одговорност. Член 64 од Уставот на Република Северна Македонија на кој се повикувате гласи: Пратениците уживаат имунитет. Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието. Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник. За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили. Пратеникот има право на надомест утврден со закон. Вие како пратеник уживате материјален и формален имунитет. Материјалниот имунитет е заштита од кривично гонење за искажано мислење во  Собранието односно пратеникот не може никогаш да одговара за кажан збор од говорница или за гласање во собраниска постапка.Формалниот имунитет го штити пратеникот од притвор освен ако не е затечен при извршување на кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку 5 години затвор како што е наведено во член 64 од Уставот на Република Северна Македонија. Службената легитимација господине Апасиев не е документ за ослободување од прекршочна или кривична одговорност истата е документ за утврдување на идентитет и функција“, реагира претседателот на Синдикатот, Кицев.

Во реакцијата, Македонскиот полициски синдикат реагира и на вокабуларот кој го употребил пратеникот Апасиев. Оттаму му посочуваат дека бил сопрен од полициски службеник, а не од „џандар“ како што напиша пратеникот. Понатаму, Кицев му посочува на Апасиев дека „тресењето на возилото“ кое кажа дека му било направено, е преглед, а не претрес.

„Имено господине Апасиев, сте биле сопрен од страна на униформиран полициски службеник, а не од ‘џандар’ при вршење контрола над безбедноста во сообраќајот.

За тоа како се вработил во Министерството за внатрешни работи и како се образувал за полицаец не е ваше да коментирате, бидејќи во Министерството за внатрешни работи постојат точно утврдени правила за тоа. ‘Тресењето на возилото’ е преглед,  а не претрес за што Вие како ‘добар познавач на правото’ треба да ја знаете разликата.  Последиците од непостапување по наредба од униформирани полициски службеник  исто така вие како ‘добар познавач на правото’ треба ги знаете. Дали и како се однесувал полицискиот службеник за тоа ќе си утврди соодветната служба на МВР. Вашето однесување како пратеник, вашиот вокабулар, а особено непознавањето на вашите обврски и права кои произлегуваат од вашиот пратенички мандат како и неоснованото повикување на пратенички имунитет ја отсликува вашата личност“, додава Кицев.

Претходно, реагираше и професорката и доктор по правни науки, Мирјана Најчевска. Таа порача: „Немој да се претставуваш како професор по право, ако не си го познаваш правото“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Апасиев до Мицкоски: Се надевам не сте поднапиен во овој момент

А1он

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Апасиев: За секој клиентелистички закон крвта со памукче ќе ви ја пиеме

(ВИДЕО) Апасиев: Ако Џафери беше мајстор – Гаши е велемајстор за скандали