Најчевска до Апасиев: Немој да се претставуваш како професор по право, ако не си го познаваш правото

Од:

„Немој да се претставуваш како професор по право, ако не си го познаваш правото“, ова е пораката која ја испрати професорката и доктор по правни науки, Мирјана Најчевска до лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Ова доаѓа откако Апасиев објави статус во кој сподели случка, кога го запрел полициски службеник, кого го нарекува „џандар“ со обичен курс, му било побарано да направи алко-тест, а во автомобилот претрес поради поседување на недозволени супстанци. Апасиев напиша дека не му бил извршен претрес бидејќи имал уставен имунитет, со оглед дека е пратеник. На ова, Најчевска вели дека не е сигурна дали на пратеникот му било побарано да му се направи преглед или претрес, како и дали тој ги разликува двете работи, но нема имунитет кој го заштитува од ниту една од овие работи.

„Што е проблематично во текстот на Апасиев? Во анализата имав предвид дека станува збор за: професор на Правен факултет, за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и за претседател на партија. Тоа што полицаецот го нарекува џандар – со што покажува потценувачки однос кон државна институција и намера да го омаловажи службеното лице. Омаловажувањето продолжува со тврдењето (кое не се базира апсолутно на никакво знаење) дека станува збор за човек кој позицијата ја добил со завршување на некаков курс наместо да има соодветна обука. Ја негира потребата од алко-тест (најверојатно заради тоа што пратениците никогаш не консумираат алкохол). Не знам дали полицаецот му побарал на Апасиев да направи преглед или претрес (од начинот на кој го опишува случајот немам верба дека Апасиев прави разлика меѓу двете работи). Пратеникот нема уставен имунитет кој го заштитува од преглед или претрес. Според членот 64 од Уставот, пратениците имаат имунитет за работи искажани во Собранието и не можат да бидат притворени без одобрение на Собранието (освен доколку се фатени во извршување кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од најмалку 5 години). Претрес на возило полицијата не смее да прави без основано сомнение на никого (независно од тоа дали станува збор за пратеник или не). Би сакала да ја слушнам и другата страна, затоа што во правото важи принципот: audiatur et altera pars. Наравоучение: немој да се претставуваш како професор по право ако не го знаеш правото“, напиша Најчевска.

Пратеникот и претседател на Левица, Апасиев, опиша што според него му се случило кога го застанала полицијата. Тој, на крајот, порачува:  „не се курчи, коа не знаеш право!“.

Ноќва возам накај Штип. Ме запира џандар, ваљда обучен на курс. Ми вика да дувам и да ми ја тресе колата за ‘недозволени супстанци’! Му викам, прво да ми се легитимирате, па после. Одбива!? Ми вика, ќе ти пишам казна 500 ЕУР за одбивање ‘дување’!? Му викам, господине, ја ‘дување’ никад не одбивам, ама за претрес на пратеник ви треба налог, оти имам уставен имунитет (и му ја давам службената легитимација). Сфаќа дека ја укакал.  Дувам – алкохол 0.00.  Ми вика слободен си. Му викам јас сум, ама ти не си. Според Правилникот за вршење служба, Вие сте должен да се легитимирате по барање на граѓанин и да ми издадете записник за “дувањето”. Ве молам постапете така. Одбива пак! Пред него вртам 192 и го пријавувам (и он паралелно врти сто телефони). После тоа, лагано си идам у Полициска станица Штип и на записник му поднесувам претставка до Внатрешна контрола на МВР за неприфесионално постапување. Наравоучение: не се курчи, коа не знаеш право!“, напиша Апасиев.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Левица ќе продолжи да биде единствениот глас на младите

Горан Наумовски

Апасиев: Покажавме дека имаме структура која им боде очи на нашите непријатели

Катерина Ѓуровски

Билјана Ванковска е претседателски кандидат на Левица

Орце Костов

O2 Иницијатива: Фабриката „Усје“, најверојатно најголемиот индустриски загадувач во Скопје

Горан Наумовски

Левица: Апасиев со нова кривична пријава му ја честиташе Новата година на спикерот Џафери

Орце Костов

Апасиев и Крмов поднесоа кривична пријава против Талат Џафери