Синдикатот на јавни обвинителства: Караџовски сака да создаде раздор меѓу судската и јавнообвинителската служба

Од:

Синдикалната организација при јавните обвинителства на Република Македонија ги поддржува напорите на Синдикатот на УПОЗ за изнаоѓање решение за судските службеници за остварување на нивните права и враќање на парите кои им беа одземени за време на штрајкот во 2016 година.

Оттаму реагираат на соопштение од претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски од 3 декември и оценуваат дека тоа е обид да се создаде раздор и нетрпеливост меѓу судската и јавнообвинителската служба.

– Во врска со соопштението на претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски од 03.12.2018 година, Синдикалната организација при Јавните обвинителства на РМ, членка на Синдикатот на УПОЗ, најостро реагира на ова соопштение особено во делот, цитираме „На Судскиот буџетски совет не му е јасно зошто Синдикатот на УПОЗ не реагира на исплатите на додатоци на плата од овој вид за јавните обвинители и јавно обвинителски службеници“ и оценуваме дека ова е обид да создаде раздор и нетрпеливост меѓу судската и јавнообвинителската служба. Цениме дека со соопштенија не се нудат решенија на постоечките проблеми на Судската служба, туку тие сами ја продлабочуваат кризата и ќе имаат само негативен ефект врз целокупното работење во правосудниот систем, се наведува во реакцијата.

Од Синдикалната организација на јавните обвинителства посочуваат дека надоместокот што моментално ги примаат јавнообвинителските службеници е во висина од пет проценти, иако согласно Законот за јавнообвинителска служба на јавните обвинители и јавнообвинителските службеници им следува додатоци на плата во износ од 35 проценти.

– Синдикална организација при јавните обвинителства на РМ, смета дека износот на надоместокот кои што сега го примаме ни од далеку не е доволен, но дека јавните обвинители и јавнообвинителските службеници трпеливо чекаа да се направат измени во Законот за судска служба и да се овозможи еднаков третман на сите вработени во Јавните обвинителства и судовите, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Обвинителство: Обезбедени се докази против јавен обвинител кој ја злоупотребил службената положба

Петрушевски: Коцевски нема никаква иницијативност, ниту желба да се подобрат работите во обвинителството

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, Обвинителството бара „замрзнување“ на имот за инволвираните

Обвинителството: Скопјанец со сатар тепал познаник, го грабнал и му се заканувал дека ќе го убие

Семејството на Фросина вo ОЈО билo запознаенo со доказите против обвинетиот Васил Јованов