Синдикат на контролори: Затворање на воздушниот простор на 10 јануари ако не си заминат тројцата директори

Од:

Струковиот синдикат на Контролорите на летање (ССКЛ) предводен од претседателот Александар Тасевски најостро го осуди нападот врз еден од контролорите и донесе одлука за штрајк со затворање на воздушниот простор кој ќе започне на 10 јануари доколку Владата на следната седница на 9 јануари не ги разреши тројцата извршни директор на Македонска Навигација (М-НАВ).

Тасевски и изрази благодарност на македонската јавност за поддршката која ја добија контролорите по случувањата каде лица влегоа во објектот на контролата на летање и физички нападнаа контролор на летање за време на извршување на неговите работни задачи.

На состанокот е побарано МВР веднаш да отпочне за пронаоѓање на учесниците во целиот настан, како на лицата кои не се вработени во контрола на летање, а биле присутни во безбедносниот периметар на објектот и самиот објект на контрола на летање, но и на лицата вработени кои биле соучесници и го потпомогнале целиот настан.

„Поради очигледни безбедносни пропусти во службите кои се задолжени за обезбедување на објектот и лицата вработени во објектот на контролата на летање, како и соучесништво од страна на лица кои се вработени во македонската навигација кои го потпомогнале влезот на неовластените лица, побарано е од МВР со распоредување на службени лица да го обезбеди истиот, како и вработените, посебно што станува збор за стратешки државен објект, но и поради фактот дека контролорите на летање нема да продолжат да работат под оправдан страв дека во секој момент некој од надвор би можел да влезе и да ги загрози нивните животи, а со самото тоа и животите на патниците во авионите кои ги опслужуваме. Од страна на МВР веднаш се распоредени службени лица за заштита на безбедноста и на објектот, но и на вработените.

Ги повикуваме тројцата извршни директори во М-НАВ А.Д. Скопје, веднаш да дадат оставки од нивните функции, пред се од морални причини, поради ескалација на состојбата до која се дојде во контролата на летање по нивна вина. Истите тие, покажаа дека не само што не се способни успешно да раководат со македонската навигација, туку и дека не се способни да ги заштитат своите вработени и самиот објект од упад на неовластени лица. И по изминати повеќе од 11 часа од нападот врз нашиот колега, ниту еден од нив не најде за потребно јавно да го осуди целиот настан, да излезе со официјален став околу тоа што се случи во една институција која треба да го претставува врвот на безбедносниот систем, не се одважија ниту да понудат своја помош на нашиот повреден колега но ниту да ја гарантираат понатамошната безбедност на вработените кои и покрај се мораа да останат на своите работните места и да продолжат да го контролираат воздушниот сообраќај.
Нека не чекаат да бидат разрешени како што е најавено на следната седница на Влада, бидејќи и до сега причинија доволно штета.

Доколку директорите сепак не покажат доблест сами да си поднесат оставки од нивните функции, ја повикуваме Владата, на првата наредна седница закажана за 09.01.2024 година, да ги разреши сите директори и да отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, како почеток на смирување на сите тензии но и овозможување на нормализација на сите процеси кои се неопходни за понатамошно нормално функционирање на македонската навигација.

Во спротивно, ССКЛ најавува штрајк со затворање на воздушниот простор, започнувајќи од 10.01.2024 се до исполнување на сите наши барања.
Доколку бидеме принудени на реализација на штрајкот на 10.01.2024 година, ги замолуваме сите наши сограѓани да имаат разбирање за нашите постапки и покрај проблемите со кои ќе се соочат при нивните патувања со авион од причина што нашите постапки се насочени во насока да на секој еден патник можеме да пружиме и да гарантираме безбеден лет.

За настанот и нашите понатамошни активности, веќе ги известивме сите меѓународни воздухопловни институции како и синдикати и здруженија на контролори на летање од Европа и очекуваме претставници од истите да пристигнат наскоро како дополнителна помош и подршка“, стои во соопштението на Синдикатот на контролори.

Во полициска станица веќе се четири лица инволвирани во нападот врз вработени во М-НАВ, кој беше пријавен и со нив се вршат службени разговори, по што во координација со Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму дополнуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на уште четири лица и дека во наредниот период МВР континуирано ќе ја обезбедува зградата на М-НАВ.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина