Симовски: Демографската иднина не зависи од желбата да се има деца, туку од сите останати фактори во општеството

Од:

Проекциите за населението до 2070 година треба да служат како патоказ за она што е можно да не очекува и креаторите на политиките во државата да ги имаат во предвид при носењето на стратегиите за остварување на посакуваните демографски состојби во државата, изјави претседателот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски по објавувањето на Проекциите на населението до 2070 година.

Иднината на државата, посочи Симовски, како што можевте да видите не ни е светла од демографски аспект, но тоа не значи дека не може да се промени, но за тоа ќе треба голем труд и да ги отвориме очите.

– Не значи дека не може да се постигне она што се сака и она што е потребно на државата, но за тоа е потребен голем напор, и секогаш креирање на активности и политики засновани на податоци. Ние сме тука, да го овозможиме тоа. Се надевам дека со оваа публикација ќе дадеме реален придонес во можноста да се креираат вистински политики, што ќе водат во вистински правец, изјави Симовски.

Демографската иднина, нагласи Симовски, не зависи од желбата да се има демографски раст, односно да се има деца, и зависи пред се, од сите останати фактори во општеството.

– Слушнавте, денес луѓето не емигрираат затоа што не може да заработат во државата, денес луѓето сакаат да имаат вистински можности во државата, да имаат квалитетно образование, здравство и можност да работат и заработат, да се промовираат себе си и можност за остварување на останатите потреби, културни и културолошки. Тоа е она каде треба да се делува за да може евентуално да се влијае врз демографскиот раст, изјави Симовски.

Податоците од Пописот, појасни Симовски, покажаа дека ние во 19 годишен период имаме загуба на повеќе од 200 илјади лица, и пресметките кои беа основа за поставување на проекциите на миграциите, рече тој, е просечното миграциско салдо во минатиот период кое изнесуваше околу 12 илјади лица годишно. Според искуствата на другите земји, појасни Симовски, можностите за миграција се поголеми во процесот на пристапување, но по членството во ЕУ, се намалува желбата и почнува реверзибилен процес.

Ако сите постојни движења продолжат и понатаму, Симовски нагласи дека тие се седумте сценарија што не чекаат.

– Ние просечно губевме по 12 илјади лица годишно меѓу 2002 и 2021 година. Ако ние продолжиме и понатаму, не менуваме ништо. Не поставуваме предуслови за ова да се смени, нормално никој не може лично да влијае дали ќе раѓате деца, ќе се иселувате или ќе седите. Меѓутоа, ако створиме услови и таа желба за иселување ја убиеме кај сите нас, и покажеме дека семејството нешто значи и треба да го формираме, нагласи Симовски.

Секоја пописна година се прави ревизија на проекциите за населението, посочи Симовски и изрази надеж дека следната ревизија ќе биде поповолна.

Проекциите, нагласи Симовски, не се правени врз етничка основа и не може да се направат врз етничка основа, бидејќи како што рече, е неблагодарно затоа што е лично чувство и не може да се фиксира за цел еден период. а

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Симовски: Каде беа за пописот тие 132.000 граѓани, наседнаа на убедувањето за бојкот

А1он

Резултатите од Пописот најдоцна до март

Катерина Ѓуровски

Симовски: Гарантирам дека со пописот нема да го загрозиме здравјето на ниту еден граѓанин

Мери Јордановска

Симовски: Бројот на самопопишаните во странство не е мал

Жарко Настоски

Симовски: Пописот е во интерес на граѓаните на државата

Жарко Настоски

Симовски: Бојкот или недавање податоци на пописот е на штета на граѓаните и на државата

Катерина Ѓуровски