Симовски: Гарантирам дека со пописот нема да го загрозиме здравјето на ниту еден граѓанин

Од:

Државниот завод за статистика е комплетно подготвен за претстојниот попис, изјави денеска директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

„Уште 10 дена ни остануваат до почетокот на оваа активност. Во тек се обуките на реонските инспектори, а за неколку дена ќе почнат обуките на попишувачите. Денеска завршува конкурсот за попишувачи, речиси 8.000 луѓе аплицираа на конкурсот и сигурни сме дека ќе имаме доволно лица. Благодарност до Владата која понуди доколку некаде нема доволно кадар, ќе се интервенира со ангажман на лицата кои се времено ангажирани во државните институции“, рече тој.

Според Симовски, пописот ќе се спроведува под многу строги протоколи.

„Гарантираме дека последна точка и запирка ќе ги почитуваме овие протоколи и дека нема да го загрозиме здравјето на ниту еден граѓанин“, изјави тој, но не не прецизираше дали попишувачите ќе бидат вакцинирани против Ковид-19.

„Дали некој е вакциниран или не е небитно, битно е дека ќе ги почитуваме протоколите“, изјави тој.

Пописот треба да почне на 5 а ќе трае до 30 септември годинава. На прашањето што со оние лица кои ќе одбијат да бидат попишани, Симовски рече дека законот е дециден, дека не станува збор за доброволна, туку за задолжителна активност.

Би можело да ве интересира

Македонија има 18.897 неписмени лица, објавен трет сет податоци од пописот

Ана Ололовска

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Симовски: Каде беа за пописот тие 132.000 граѓани, наседнаа на убедувањето за бојкот

А1он

Бизнисменот Кирил Лазаров: 100 000 стари жители повеќе и 200 000 млади луѓе помалку е огромниот предизвик по економската одржливост на државата, а не што сме по вера и нација

Ана Ололовска

Демократската Партија на Турците не ги прифаќа резултатите од Пописот

А1он

Демократски сојуз: Резултатите од пописот не се одраз на реалноста