Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2026 година, изнесуваше 48 499 денари.
Во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.1 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 10.7 %, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 10.4 % и Дејности во врска со недвижен имот за 9.6 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 4.3 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3.2 % и Градежништво за 2.3 %.
