Со силно полициско обезбедување, околу Кривичниот суд во Скопје, се очекува да биде изречена пресудата за случајот „Ровер“. Пред судот се семејствата на обвинетите и поддржувачи на Љубе Бошкоски.
Бошкоски го следи изрекувањето на пресудата свртен со грб кон судиите.
Случајот „Ровер“ беше укинат од Апелациониот суд, вратен на повторно судење поради неутврдената умисла за секој од обвинетите поединечно.
Бошкоски тврдеше дека се работи за монтиран политички процес, во кој аргументите немаат никаква важност, туку нарачаната казна од страна на извршната власт.