Силно невреме – дожд и град во Охрид и во Струга

Од:

Град, грмотевици и дожд кои траеја кратко време, но со голема јачина вечерва околу 21 часот ги зафатија Охрид и Струга.

Невремето почна од Босна и Херцеговина, каде олујата корнела дрва и делови од фасади. Облачноста потоа се придвижи кон Србија, а вечерва и кон Македонија.

Во Белград во моментов врне и има силни грмотевици, а републичкиот Хидрометеролошки завод предупреди дека временски непогоди ќе има и во наредните часови.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници