Силниот ветер во Скопје откорна покрив на зграда во Аеродром

Од:

Покрив од зграда во Мичурин одлета по силниот ветер кој го зафати Скопје. Интервенираше и скопската Противпожарна бригада. Лимот од покривот, според првичните информации не повредил никого, иако паднал на пешачката патека на улицата „Симеон Кавракиров“, близу контејерите.

Жители на Мичурин, велат дека покривот не е среден повеќе од 20 години, а од него претходно паѓале и греди.

Според станарите, покривната конструкција не е санирана повеќе од 20 години бидејќи општината Аеродром не дозволувала реконструкција, а со објаснување дека зградата не е легализирана. На местото пристигнаа и полициски службеници, додека пожарникарите проверуваат дали има опасност и остатокот од покривот да се откачи при нов ветер.

Ова не е првпат да има ваков инцидент. Минатите години, при невреме, се оторнуваа и кровови од згради во Карпош 4, кои го блокираа целиот булевар „Паризански одреди“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски