Силниот ветер направи хаос во Струмичко: урнат покрив, откорнати дрвја и искинати електрични кабли

Од:

– Силниот ветер, кој во струмичко дува со брзина од над 80 километри на час, досега предизвика штети на повеќе места уривајќи покрив, откорна дрвја и искина електрични кабли.

Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, најмногу штета има во општинскиот центар Василево каде е урната лимена покривна конструкција на еден објект во непосредна близина на училиштето, а еден дрвен столб за пренесување струја е оштетен.

-Досега имавме четири интервенции во градот и Василево. На три улици имаше пријавено дека ветрот откорнал дрвја. Нашите екипи интервенира и ги отстранија остатоците. За среќа од падот на дрвјата нема повредени и не се предизвикани поголеми штети, изјави за МИА Гудев.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Регионален центар Струмица, информираа дека покрај досегашните штети кај нив е пријавено дека во селото Костурино има искинати кабли за пренос на струја и дека се работи на санирање на штетите.

Според земјоделци, на удар на силниот ветер се и пластениците под кои најмногу има засадено зелка. Засега не се евидентирани поголеми штети, освен кај пластеници кои се покриени со постари полиетиленски платна.

Би можело да ве интересира

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени