Силјановска: Заевизмот со потпишување на Преспанскиот договор ја избриша поделбата на власта на извршна, судска и законодавна

Од:

Kандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска оствари посета и средба со жителите на Општина Сопиште. Силјановска пред присутните граѓани истакна дека ова што го прави Зоран Заев, нарекувајќи го Заевизам ќе се проучува од страна на науката, додавајќи дека од демократијата во земјава нема ниту трага.

– Значи гледам сега некои анализи за Западниот Балкан, дали функционира или не демократијата во овие неколку години и без исклучок, вклучувајќи ја и Македонија се вели дека од демократијата нема ниту траг, дека авторитаризмот е силен. Во Македонија, авторитаризмот има име Заевизам ама тоа не значи само концентрација на власта во еден човек или во една група во него, туку значи многу повеќе. Значи дека претходно некој ја укинал поделбата на власта што е загарантирана во Уставот, законодавна извршна и судска, вели Силјановска.

Таа додаде дека поделбата на власта на извршна, судска и законодавна, не е случајна, туку напротив претставува една спрега, како што рече, кочница за да не се мешаат овие три власти.

– Заевизмот во Република Македонија ја избришал оваа поделба и кочница со потпишување на Преспанскиот договор, склучување на меѓународни договори се во надлежност на Претседателот на државата, а не на министерот за надворешни работи, рече Силјановска пред присутните.

Претседателот целосно е отстранет, дури и од функции кои што се секогаш претседателски, како што е склучувањето на меѓународните договори, па наместо Претседателот на државата, кој што со право ќе одбиеше да го склучи Договорот од Преспа истиот, го потпиша, го склучи министерот за надворешни работи, потенцираше Силјановска.

 

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски