Сиљановска во Струга: Не ги разликувам луѓето по етничка, верска или јазична припадност

Од:

Веќе сум рекла дека како Струга нема друга и дека секогаш кога сме низ светот се чуствуваме како Костантин Миладинов, целата т’га за Македонија е т’гата за југот, се обрати Сиљановска денеска во Струга.

Јас во вториот круг очекувам граѓаните на Струга без оглед на етничка, верска, јазична и друга припадност сами да одлучат бидејќи гласот е нивен, а не партиски, кому ќе му го доверат. Мислам дека доволно нешта во животот сум направила за да докажам дека не ги разликувам луѓето по етничка, верска или јазична припадност, рече Сиљановска.

Кога велам граѓанки и граѓани на Струга, додаде Сиљановска, мислам не само на Македонците, мислам на Албанците, на Турците, на Ромите, на Власите, на Египјаните и на сите други.

Неверојатно ми значат овие гласови зошто она што ни е заедничко е Охридското езеро, ако сум јас родена во Охрид, Струга е тука и навистина ги охрабрувам, ги замолувам, ги убедувам дека доколку го дадат гласот за мене дека ќе го дадат гласот за некој кој што цел живот се водел и ќе се води и раководи од еднаквоста на сите пред правото во интерес на правдата и критиката, заврши Сиљановска.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“