Сиљановска во Охрид: Тоа што го имаме да го почитуваме, зошто ако не го почитуваме тогаш пораката е дека не знаеме што е духовно наследство и богатсво

Од:

Прекрасно е чуството да сте на едно од најживите места во градов, една од најпосетените цркви. Местото каде што веројатно Дичо зографот најубавото од себе го реализирал, за да ние се восхитуваме. И секое влегување овде за мене носи духовен мир, спокој и ме потсетува на зборовите на архиепископот неколку пати повторувани вчера за еднаквоста на народите и мирот. Мислам дека пораката е јасна, се обрати Сиљановска денеска во Охрид.

Не знам дали на ова свето место е можно да се изговори она што го видов пред малку, но навистина ако Охрид е едно од најсветите места или местото кое ја персонифицира духовната моќ во Македонија, како да не кажам дека на 20-тина метри од овде гледаме непочитување на оваа убавина. Се е заштититено, Охрид е под заштита на УНЕСКО но некако прекрасните икони и фрески не одат со дивоградбата подолу и мислам дека тоа е опомена дека нешто под итно треба да се стори во Охрид, смета Сиљановска.

Тоа што го имаме да го почитуваме, зошто ако не го почитуваме ние тогаш пораката е дека не знаеме што е духовно наследство и богатсво. И дека оставаме кој што сака да прави на неколку чекори од овде, додаде Сиљановска.

Охрид не се само црквите, Охрид е градот, Охрид е сето она што се гради и доградува, а сето тоа мора да биде во хармонија со изграденото. Се надевам дека граѓаните ќе знаат како да се однесуваат кон оние кои имаат респект кон духовното наследство и оние кои ниту го почитуваат, ниту го штитат, заклучи Сиљановска.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада