Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

Од:

Претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова на митингот во Струмица порача дека оттаму ќе тргне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани.

„Во Струмица се чувствувам особено добро бидејќи знам дека оттука ќе тргне тој политички вулкан што ќе стави крај на последната феудална енклава во Македонија. Таа енклава ја нареков феудот на Заеви што ќе се распадне. Замислете, „заколнати“ самонаречени европјани мислат дека со рефудализација ќе стигнат во ЕУ. Неверојатно нешто. Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино“, вели Силјановска-Давкова.

Како што цели, во дебата, квази дебата на давеник што се фаќа за сламка, била прашана како може да не го употребува името „северна“, и дека го кршела Уставот.

„Му објаснив дека правото на самоопределување е колективно право и дека Македонија истото го искористи уште на АСНОМ. Но и дека секој од нас има право на индивидуално самоопределување и дека никој, никогаш ниту мене, ниту вам не може да ни забрани да го употребуваме името Македонија. Замислете, во една емисија, во еден изборен циклус, не знаете кој е кој, не знаете со кого разговарате, бидејќи господинот Пендаровски неколку пати го негира она што го кажал. Во една изјава сум одличен професор, меѓународно признат експерт, дека сум имала висока морална вертикала. Па после вика не, јас мислев на висока морална вертикала во однос на Уставниот суд. Пазете, луѓево имаат по десет морални вертикали. Еднаш за Уставниот суд, еднаш за Собрание, еднаш за претседател… Неверојатен конгломерат. Како тогаш очекувате став од ваквите луѓе? Како очекувате да опстојат?“, додава Силјановска-Давкова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

Сиљановска-Давкова: Измените во КЗ важат до донесување на новиот Кривичен законик

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он