Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Од:

По огромното водство во првиот круг од претседателските избори, Гордана Сиљановска-Давкова рече дека е горда на граѓаните, не само на тие кои гласале за неа, а е посебно горда на членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Горда сум на мојот тим, постојано беа со мене, ме бодреа, ме критикуваа, горда сум и на учесниците на изборната трка. Мислам дека изборниот процес е најстраствениот политички процес, но мислам дека во дебатата не ги пречекоривме критериумите на пристојноста. Горда сум на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, знам дека беа на терен и ми веруваа. Се создаде една невидена синергија. Посебно сум горда на жените во Македонија, без оглед на било каква припадност, мислам дека е време за идентификација на жена со жена без оглед на која идеологија и припаѓа.

Жените беа мојата инспирација, многу се радувам кога жени од други партии ми велат дека доаѓа нашето време. Нема да се однесуваме ние како мажите во историјата, но ќе покажеме дека имаме во себе знаење, енергија, ум, креација и редно е ова општество да го искористи сето тоа.
Да се вратам на граѓаните, јасно ми е дека овој резултат е неверојатно инспиративен за мене, на пати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат, не мислам дека сум посебна во многу работи, но само знам дека тоа ќе го оставарам тоа што го ветив. Јас ќе се однесувам и во вториот круг кон оној противник што ќе се трка со мене со должна почит. Треба да ги инспирираме граѓаните дека вреди да се учествува на избори, вреди да се чуе дека сум горда особено на нив, а без граѓани нема Македонија.

Јас не ги делам граѓаните според тоа дали се за мене или против мене, јас знам дека претседателка на држава мора да биде натпартиска личност, да слуша, да докажува и инспирира. Треба да ги инспирираме ние најумните, најпосветените и најспособните, но без нас професорите не ќе може да се реализира.

Ќе соработувам со партијата која ме предложи, но и со опозицијата и со невладините организации. Ќе се обидам секој ден и секому да докажам дека сум таму не поради политичка кариера туку заради Македонија, дека сакам да бидат на мене горди бидејќи јас ќе го докажувам тоа. Дека Македонија мора да биде слична на останатите демократски земји, да биде втемелена на владеењето на правото.

Македонија не може да биде само моја, да биде на сите вас, нека биде наша затоа што ангажирањето на човечките ресурси од кои толку лесно се откажуваме не прави или да стоиме место и да одиме назад – истакна Сиљановска-Давкова по победата во првиот круг од претседателските избори.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Соломонско решение е она со одложено дејство

А1он

Сиљановска Давкова: Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите

А1он

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Сиљановска се сретна со Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Сиљановска Давкова-Орбан: Како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ

А1он