Си нашол бугарска верзија за да мафташ – Димитров му врати на Османи

Од:

Откако Османи го прозва екс Министерот Никола Димитров дека во негово време потпишал и се согласил на бугарскато гледање на Илинденското востание, и објави документи во кои се гледа дека стои Илинденско востание – преображение, Димитров веднаш му врати. Еве го неговиот пост на Фејсбук.

Навистина? Ама дали навистина?

На сите изнесени грижи и прашања, не само од мене, туку од целата домашна јавност, вие повторно со бгнес спинувања? Чија пропаганда терате?

Мафтате со протокол потпишан во јуни 2019 кога НЕМА вето, туку црно на бело потврда на бугарската ПОДДРШКА на нашите евроинтеграции напишана во истиот документ.

Дали го разбирате воопшто контекстот и разликата што ова ја прави? Во тоа време, протоколот беше навистина билатерален, а се работеше без уцена.

Притоа, манипулирате за клучни делови од тој протокол, повторувајќи бугарска теза што очигледно ви е блиска: дека наводно сме преземале ОБВРСКА историчарите да ги надминат најделикатните теми во одреден рок, игнорирајќи ја клучната кованица во текстот – НАСТОЈУВАЊЕ да се постигнат реални резултати. Како што добро знаете, политиката може да охрабрува, да настојува, да прави добра атмосфера (како што тогаш имало), но не може и не смее да обврзе или да наметне решение врз комисијата за историски прашања.

Повеќето од членовите на комисијата се истите луѓе, слободно јавноста нека ги праша дали во мое време биле обврзани или притиснати за било што. Во тоа време тие навистина настојуваа да дојдат до резултати, се’ додека бугарската страна не почна да го минира процесот.

Понатаму, во македонската верзија на документот се разбира Илинденското востание е Илинденско востание и никако поинаку. Интересно што полесно сте нашле некоја бугарска верзија, отколку македонската. Мојот кабинет целиот фајл за прашањето со Бугарија го предаде на вашите луѓе. Зошто токму денес ви се губат документи од архива можеме да претпоставиме. Во мое време, архивата на кабинетот и на министерството беше педантно водена.

Една лага не ви поминува, една!

Доста се бавите со мене!

Одговори чекаме.

Одговорете и реафирмирајте ги македонските позиции, па потоа слободно продолжете со личната опсесија. Одговорете и реафирмирајте ги македонските позиции, па сите хистерични веднаш ќе се упристоим, напиша Димитров на Фејсбук

Би можело да ве интересира

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите