Шврговски: Има цврсти докази за убиството кај Смиљковци

Од:

Јавниот обвинител Љупчо Шврговски потврди дека посебните истражни мерки, – прислушување, следење, снимање, се меѓу доказите со кои кои ќе се соочат осомничените од акцијата „Монструм“.

„Има и посебни истражни мерки во делот на прислушувањето. Тие се легитимни, дадена е наредба на истражен судија во законска процедура.

– Нормално дека тие аудио записи ни помагаат во водење на истрагата и градење на нашата теза дека за лицата што ги обвинуваме врз основа на доказите со кои располагаме постои висок степен на сомнение дека тие се лицата кои го извршиле или помогнале во кривичното дело“, изјави обвинителот Љупчо Шврговски.

Во судската постапка нема да се користи исказот на Хаки Хазири за кого се говореше дека ги возел убијците дадена како заштитен сведок, туку само неговиот исказ како обвинет.

Шврговски рече дека не ги поддржува протестите и побара да се остават институциите да си ја завршат работата. Според него, Судот и Обвинителството работат на целосно расчистување на петкратното убиство и сега се разгледуваат сите материјални докази собрани од терен и доказите добиени со посебните истражни мерки.

 

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски