Шверцувал 20 мигранти во „Цитроен“ – бегајќи ја скршил рампата на патарината

Од:

Полицијата во гевгелиско уапсила шверцер на мигранти кој успеал во возило „Цитроен“ да собере 20 мигранти меѓу кои имало и малолетници.

Бегајќи од полицијата тој ја скршил и рампата на наплатната станица кај Смоквица.

Шверцерот е 44 годишен жител на Виница, а мигрантите биле од Сирија и Ирак.

Во официјалното соопштение на МВР се вели дека на 13.09.2023 околу 11.20 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го лишиле од слобода Д.Ц.(44) од Виница. При преглед во товарно возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 лица мигранти (19 од Сирија и 1 од Ирак), меѓу кои четири малолетници.

Имено, тој претходно не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници, продолжил со движење и со возилото скршил рампа на наплатната станица, по што скокнал од возилото и го напуштил местото. Набргу, по преземени мерки, Д.Ц. бил пронајден и лишен од слобода.

Тој бил задржан во полициска станица и во консултација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле сместени во прифатен центар за странци во Скопје.

Би можело да ве интересира

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он